„Ако не ги започнеме пристапните преговори оваа година, тоа за мене значи дека не постои европска перспектива, по сето она што го постигнавме за две години“,изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на панел дискусијата во Стокхолм, посветена на случувањата во земјите од Западен Балкан со фокус на нивната ЕУ перспектива.



На внатрешен план Димитров потсетил дека „Економист“, според индексот на демократија не стави во мала група земји во кои е постигнат забележителен прогрес во демократијата..

На планот на надворешната политика, Димитров рече дека земјата го реши исклучително деликатното и емоционално прашање кое допира во идентитетот.

„Го направивме невозможното со нашите грчки пријатели кога со мојот пријател Никос, а сега со Катругалос успеавме да го инвестираме нашиот политички капитал и да го решиме проблемот, мислејќи на идната генерација, бидејќи тоа ќе има и политичка цена во однос на наредните избори“.

Димитров предупреди дека ако Европа не успее да го препознае направениот прогрес и ако по одложувањето на одлуката во јуни 2018 година, и јуни годинава, во октомври има ново одложување и Европскиот совет каже „не“, треба да признаеме, како што рече, дека не постои европска перспектива.

Извор: МКД