Министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за „Фајненшл тајмс“, предупреди дека Европската ЕУ ќе го изгуби влијанието на Западен Балкан ако не даде зелено светло за почеток на преговори со Македонија и ќе ризикува да се засили руското и кинеското влијание.



Димитров вели дека Брисел треба да ја препознае успешната приказна и да ја награди.

Министерот потсети на на решавањето на отворените прашања и предупреди дека одбивањето од страна на ЕУ ќе го наруши кредибилитетот на владата во Скопје и ќе ги зајакне националистичките сили.

„Тоа ќе биде обесхрабрувачки и за оние кои се обидуваат да ги решат другите важни билатерални спорови со кои се соочува регионот по распадот на поранешна Југославија“, изјави Димитров за „Фајненшел тајмс“.