Ова е ереакцијата на екс-министерот Никола Димитров, на скандалот со препродажба на цитостатици на Клиниката за онкологија.
Доонеодамнешниот министер во владата на СДСМ/ДУИ во објава на Фејсбук вели дека еднаш засекогаш мора да ставиме крај на неказнивоста.
Сите злоупотреби и скандали, ама и сите ужаси и несреќи ќе се повторуваат сѐ додека нема одговорност.
Нека бидат монструозните нечовечни наводи за криминал на сметка на животот и здравјето на пациентите на Онкологија точката на пресвртот.
Нека покажат сите вклучени интегритет.
Ајде конечно да расветлиме барем еден злочин до крајот.
За да свртиме нова страница.
Очајно ни треба луѓе нова страница
.Нема држава без закон што важи еднакво за сите. Ниту иднина“ порачува поранешниот министер.






