Димитров 16 секунди молчел во Стразбур за да испрати порака до ЕУ

Вицепремиерот Никола Димитров го почна својот говор пред Парламентарното собрание на Советот на Европа, со молк од 16 секунди за да демонстрира колу изгледаат 18-те години чекање н ЕУ во Македонија..Со тоа сакал да испрати порака колку се долги 16-те години чекање Македонија да стан членка на ЕУ.



„Не си ја заборавив мислата, ова беа 16 секунди, што се видоа долги, па можете да доловите колку долги изгледаат 16-те години за мојата земја што од 2005-та е кандидат за членство.

Северна Македонија покажа посветеност кон постигнување на суштински промени за европско уредување дома, но и зрелост и одлучност на вистински европски партнер, што ги разбира различните позиции и ги претвора во прифатливи решенија, затоа што ја споделуваме оваа визија за обединување на Европа.

Димитров реферирал дека „наметнатите пречки на патот кон ЕУ од страна на Софија не се територијални, реформски, туку историски и јазични и директно засегаат во нашата идентитетска определба, но и во она што е душата на Европа и европскиот идентитет и имаат реални импликации во однос на стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот и континентот“.

Тој апелираше за одговорност и лидерство во Европа.