Димитриевски: За музејот на УЧК никој не побарал дозвола

Немало никакво барање за дозвола околу отворање на Меморалниот комплекс на УЧК во кумановото село Сопот до Општина Куманово, изјави градоначалникот, Максим Димитриевски.



„Дали е отворен музеј или спомен обележје, си има строга постапка дефинирана според Закон, како се отвора такво нешто. Во моментов немам никаква информација, ниту некој се обратил до општина Куманово за да побара било каква дозвола, вели Димитриевски за Локално.

Димитриевски не е изненаден од пораките што ги испрати лидерот на ДУИ, Али Ахмети од отворањето на „музејот“.

Ахмети: Избравме Албанците во Македонија да бидат господари

„Во континуитет покажуваат екстремно самовластие како партија која повеќе од 20 години е на власт и секогаш во предизборието, игра на национална карта и со националните чувства на граѓаните… ова што се прави од страна на партнерот и носител на власта е срамно и недозволиво, дополнително револтира и фрустрира и мнозинството граѓани Македонците ги навредува“, вели Димитриевски според кој „Треба да се стави крај на оваа самовластие и конечно некој да одговара“.