Димитриевски за БНТ: Бугарската држава треба да сфати дека од Македонец бидува само Македонец и ништо друго (ВИДЕО)

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски гостуваше во емисијата „Говори сега“ на првиот канал на Бугарската национална телевизија (БНТ), каде што упати повеќе пораки до јавноста во Бугарија во присуство на Христо Христов, внук на Гоце Делчев, како и на поранешниот дописник на БНТ од Скопје, Костадин Филипов:



„Гоце Делчев е симболот на македонизмот, Гоце Делчев е Македонија и Македонија е Гоце Делчев!

Во периодот 1941-1944 година Бугарија е составен дел на фашистичката коалиција, за тоа постојат документи. Официјална Бугарија никогаш не излезе со став и не се извини.

Знаете што е резултат на таквиот режим на владеење? Оваа книга е само за мојот град, над 900 жртви. Овој човек, кој ми е дедо, имал 15 години, исечен е на парчиња. Значи, над 800 жртви, од кои најголем дел или над 90 отсто се убиени од бугарската фашистичка полиција и армија. Ова не може да се заборави, но може да се стави на страна, да се учи од минатото и да креираме нова иднина, но не на начинот како што го креираат некои поединци од вашата држава. За да почитуваш првенствено треба да добиеш почит.

Бугарската држава треба да сфати дека од Македонец бидува само Македонец и не бидува ништо друго. Ние сме Македонци, вие сте Бугари. Ве сакаме и ве почитуваме, сакајте нè такви какви што сме, затоа што на друг начин никогаш нема да се разбереме.

Гоце Делчев е синонимот на македонската борба, еден од современите македонски преродбеници. На крајот, каде почива? Во Скопје, тоа му била последната желба. Зошто не решила бугарската држава повеќе од 40 години да го стави во саркофаг, да го закопа некаде во Бугарија, бидејќи сакал да почива во независна Македонија“.

Линк до емисијата:

https://fb.watch/ivSa4EA_nY/