Кога и да се случат следните парламентарни избори, да бидат вонредни на пролет што мнозинството од јавноста го очекува, или да останат редовни за што се залагаат партиите од власта за да си го продолжат мандатот – можеме да очекуваме нов политички субјект на изборите со сериозен потенцијал да има све влијателно место во парламентот.
Лидер на новиот политички субјект е Максим Димитриевски, кој победи на локалните избори за градоначалник на Куманово како предводник на движењето „за наше Куманово“ кој сега најавува иницијатива за проширување на движењето на цела Македонија. За таа цел движењето веќе има инетерес кај десетина познати експерти од областа на економијата, надворешните работи, културата, здравстсвото… Практично, спонтано се формира тим за новиот политички субјект.
-„Зошто оваа иницијатива“. Мој впечаток е дека кај граѓаните постои презаситеност од 30 годишното владеење на два политички субјекти во македонскиот политички блок и 20 годишно владеење од еден политички субјект во албанскиот политички блок. Едноставно, граѓаните бараат промена и излез од црно-белиот свет, бараат луѓе кои во нивно име ќе ја водат и управуваат со државата, но при тоа главниот приоритет ќе биде граѓанинот и неговиот подобар живот, вели Максим Димитриевски во интервјуто за Прес24.
-Во тек се консултации со истакнати личности од општествениот живот, експерти, интелектуалци, стопанственици, лекари, уметници, студенти, пензионери, земјоделци, работници и други кои сакаат да дадат свој допринос во формирањето на граѓанското движење. Дали ова здружение ќе прерасне во нов политички субјект, тоа ќе биде одлука на неговите членови. Кога ќе се донесе одлуката јавноста ќе биде навреме информирана, вели Максим Димитриевски.
Максим Димитриевски беше дел од првиот ешалон на СДСМ се додека не се разидоа со тогашниот лидер на партијата Зоран Заев, пред се заради идолошки разлики и разлики во простап кон корупцијата и националните прашања. Премногу за да можат да работат заедно.
Истите политички точки како причина за разидување со Зоран Заев ги имаше, и јавно ги истакна, поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски што е причина дел од јавноста да ги поврзува Црвенковски и Максим Димитриевски како ист политички тим во создавањето нов политички субјект. Сепак, освен сличностите во забелешките кон Зоран Заев и СДСМ, тие не се во истиот тим на новата политика која се гледа во најавата на движењето „За наша Македонија“ иако, еден кон друг, јасно даваат поддршка и меѓусебен респект.
– Господинот Црвенковски е еден од основачите на СДСМ, поранешен претседател и премиер на Република Македонија и човек со политичко искуство од којшто може многу да се слушне и научи. Во оваа иницијатива секој со искрени намери е добредојден. Но повторувам, господинот Црвенковски до овој момент не е дел од оваа иницијатива. Моите релации со Црвенковски можам да ги оценам како професионални и коректни, вели градоначалникот на Куманово во интервјуто.
Димитриевски за прв објаснува и кои се причините за поделбите во СДСМ по кои тој, со својот тим, се решава за нов политички пат:
-Навистина сум неразделен од социјалдемократијата. Но, основните столбови, државотворните политики и вистинската социјалдемократска идеологија ја напушти раководството на СДСМ. На 27 април се борев за рушење на 11 годишниот режим и диктатура на Груевски. Верував во подобро утре и се надевав дека можеме да смениме многу работи во државата. Искрено верував во паролите „Живот за сите“ и „Нема правда, нема мир“. Ништо од тоа не се случи. Ни во сон не мислев дека малата партиска врхушка на СДСМ ќе прерасне во една коруптивно-мафијашка влада која исклучиво ќе работи за своите интереси и своите фотелји, вели Максим Димитриевски.
Договорот со Бугарија според него е нешто што не е карактеристика на полтиката на СДСМ и сто тоа не можел да се помири.
-Немам ништо против бугарскиот народ, го почитувам, имам многу блиски и искрени пријатели помеѓу нив, но имам против изјавите на актуелните бугарски челници, за негирање на македонската нација и јазик. Во 21-от век, почитувајќи ги европските нормативи, тоа е неприфатливо, таквите недолични акти потребно е да бидат осудени од официјална Европа, вели Максим Димитриевски
А зошто политиката ан СДСМ загуби на локалните избори, политика на која Максим Димитриевски и се спротиставува со новото политичко движење? Еве што за тоа вели Димитриевски:
– Јас уште во 2017та година, па се до моето се уште недефинирано и нестатутарно исклучување, и во партијата, но и во јавноста, укажував на погрешните политики на СДСМ, подемот на поединци кои што со прст не мрднаа во времето на опозицијата на партијата, а подоцна станаа незаменливи функционери кои со лукративно корумпирано делување го урнисуваа угледот на СДСМ, предупредував, но за жал тоа не наиде на реакција кај тогашното раководство на СДСМ.
Напротив, бев осуден за своите ставови, првично елиминиран и сменет од органите на партијата во група со други транспарентни и слободоумни активисти како Проф. Петар Атанасов и др., а подоцна и нестатутарно исклучен од партијата. Од оваа времена дистанца, се докажа дека бев во право, а дел од раководството партијата ја трансформира во приватна своина или акционерско друштво.
Македонија е земја во која до сега се уапсени и обвинети два генерални секретари на владата. Македонија е земја во која кога обвинителот за организиран криминал ќе го обвини директорот на финансиската полиција за корупција и рекет, политички експресно е суспендиран.
Македонија е земја која е рај за нелегално производство на марихуана. Македонија е земја во која актуелен судија кажува дека правдата е селективна. Македонија е земја во која поединци припадници на одредени политички партии безсрамно пукаат по улиците на Скопје и можат се и притоа никаде не одговараат ниту пак некој ги санкционира, а останатите се граѓани од втор ред.
Македонија е земја во која автобуси на одредени туристички агенции без соодветна лиценца ги поминуваат границите, притоа во сообраќајна несереќа гинат 45 луѓе и никој не сноси одговорност.
Македонија е земја во која поради несоодветна инсталација се опожаруваат модуларни болници, живи горат хоспитализирани пациенти и притоа никој не сноси одговорност.
Македонија е земја во која осуденици менуваат адреси на 24 часа за да имаат попријатен престој во соодветен затвор кој им одговара. Македонија е земја во која цели општини крадат струја, а ние лојалните редовни плаќачи плаќаме и за нив. Македонија е земја во која имате неколку пати повеќе полицајци од војници, а притоа се уште го нема никаде мојот реонски полицаец.
Едноставно кажано Македонија е земја во која мафијата има своја држава. За жал, ненормалното станува нормално. Наведов само мал дел од причините за катастрофалниот пораз на СДСМ на локалните избори. Нека проценат граѓаните кој е во право, заклучи Максим Димитриевски, лидер на движењето “За наша Македонија“ во најава.
Османи најави алтернативни решенија, ако продолжела собраниската блокада за…





