„ Сметам дека е направен голем лапсус од страна на Владата со изборот на Владо Бучковски затоа што требало да се види интервјуто за ТВ Европа кај почитуваниот новинар Ѓорѓи Коритаров којшто многу јасно и недвосмислено зборува за некои моменти кои не се дел од општоприфатливата историја која почива на факти коишто се втемелени кај нас и мислам дека истиот нема да даде соодветен придонесе во равојот и разрешување на овие на наметнатите проблеми од една страна, бидејќи овие проблеми не ги отвори македонската страна“, изјави во интервју за Сител, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски
Ние се обидуваме да го задржиме тоа што е наше и отсекогаш било наше. Ако се вратиме на сведоштвата низ историјата и сите оние напаѓања дека Македонија и македонскиот народ постои од 1944 година, тоа е апсолутна невистина. Низ историјата на нашиот народ постојат голем број пишани и непишани преродбеници, вели Димитриевски






