Димитриевски инсистира дека состанокот во Куманово бил на барање на Владата

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски го продолжува објаснувањето на Фејсбук за галиматијасот со тестовите за Ковид-19, кои него и уште „половина“ ги ставија во самоизолација.



„Иако од јавноста дознавам дека извештајот на Државниот инспекторат е готов и е доставен до МЗ и МВР, сакам да ве информирам дека како заинтересирана страна сè уште не е доставен до Општинскиот штаб за да може да се произнесе за него. Затоа, ќе ја замолам директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во најкраток временски рок да го достави до штабот, општината и сите заинтересирани страни. Останувам на ставот дека состанокот е организиран по барање на Владата и поради тоа е одржан во поголем простор и на друга локација од вообичаенитѕе редовни состаноци. Барањата на кои се повикува Владата се барања и апели на Штабот кои се однесуваат на мерките за борба против епидемијата, која е наш приоритет во моментов, а не барања за посета на Штабот и за ова постојат докази“, вели Димитриевски во објавата на социјалната мрежа, чија целосна содржина е достапна на неговиот профил: