„Повеќе од јасно е дека постои взаемен договор подолг временски период, бидејќи претседателот и членовите на Владата играат добар и лош полицаец.



Пред 7 дена, Пендаровски испрати молскавични, популистички пораки кон премиерот, за денеска да бидат целосно усогласени“, изјави во синоќешното гостување на „Сител“ градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.Тој упати и предупредување:

„Но, ќе им се случи народот, власта ќе биде на стаклени нозе и неодржлива и ќе падне. Ќе се смени, ќе дојде нова политичка елита која што ќе продолжи да ја води државата“ истакна градоначалникот на Куманово.

Во однос на прашањето за македонскиот јазик, Димитриевски објасни:

„Сите велат дека гарантиран е јазик во Европската Унија, тоа го потврдија денеска и премиерот и претседателот, а тоа е поглавје број 34 и тогаш за отвора прашањето за јазикот и кога ќе се затвори поглавјето 34, дури тогаш, во тој момент, Европаската Унија го гарантира јазикот“ – посочи тој.