Основната цел која треба да ја постигнат политичарите е да обезбедат национално обединување, кое го има кај албанските политичари, но недостасува во македонскиот блок, вели градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во гостување на Канал77.
„Национално обединување е неопходно да се постигне во македонскиот блок, а албанците веќе си го имаат по однос на националните прашања. Ако разговараме за соживот, за мултикултурализам тогаш треба да седнеме и да создадеме концепт како истиот ќе го градиме.
Ние денес во Македонија соживот имаме само на хартија, во парламентот и каде што седи политичката елита“, вели Димитриевски, нагласувајчи дека во Куманово децата се поделени уште од најрана возраст.
Тој додава дека во земјава не можеме да зборуваме за реален соживот, туку сведоци сме на класична сегрегација во општеството.
„Жално и погубно за мене како градоначалник, но пред се и за оваа власт па и претходната, која што потроши повеќе од 20 години по конфликтот, на мултикултурализмот и креирање на едно мултикултурно општество, а до ден денеска нашите деца се поделени и во забавиште и во основно и средно училиште, па и на факултетите, како ќе зосдаваме врски и ќе го градиме тоа општество кога имаме класична сегрегација во општеството“, истакнува Димитриевски.







