Столе Димитриевски е непоразен и во својот четврти натпревар во низа на голот на Рајо Валјекано против Барселона, дури и се израдува на победа од 2:1 на домашен терен во 31. коло од шпанската фудбалска Ла Лига.
Голманот на македонската репрезентација малку недостигаше и по четврти пат едноподруго против каталонскиот гигант да остане несовладан – капитулира дури во 83. минута, кога неговата мрежа ја затресе најдобриот стрелец во првенството Роберт Левандовски.
Тимот на Димитриевски, кој во последните четири дуели со Барса има три победи и едно реми, сега е деветти на табелата со 43 бода, а лидерот Барселона остана на 11 бода предност во однос на шампионот и второпласиран Реал Мадрид.






