Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, го осудува пречекот на косовскиот премиер Албин Курти во Општина Чаир, како и одлуката за промената на името на улицата Втора Македонска ударна бригада.
Димитриевски во објава на Фејсбук поставува јавно прашање до раководството и неговите довчерашни сопартијци: За ваков ли соживот и взаемно почитување се боревме под паролата ‘Едно општество за сите‘.
„Неинтонирањето на државната химна, неистакнувањето на државното знаме, интонирањето на химната на друга држава и истакнувањето само на знамињата на заедницата и знамињата на туѓа држава е спротивно на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија и Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија“ вели Димитриевски.
Тој ги повика надлежните, МВР и ОЈО да превземат постапки против одговорните за истакнувањето на знамето на „Голема Албанија“ синоќа во Тетово.








