Димитриевски: Обидите да се изместат фактите се реприза од минатото, но тие не се менливи

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во објава на Фејсбук ги урна тезите на партискиот лидер и премиер Зоран Заев изнесени во интервју за бугарската информативна агенција БГНЕС.



„1. Гоце Делчев е темелот и душата на нашата државност. Македонец со јасна визија за самостојна Македонија.

2. Секој јазик е суштината за постоење на еден народ. Македонскиот јазик ниту бил ниту ќе биде дијалект, има своја посебност и кодификација, признаен, потврден и верификуван во светот.

3. Македонија беше окупирана и поделена во Втората светска војна од фашистичка Германија, Бугарија и Италија. Македонскиот народ и партизаните се кренаа на востание и во коалиција со антифашистите извојуваа победа над окупаторот. Куманово е ослободено на 11 Ноември (Сабота) 1944 година од страна на 17. и 18. Македонска партизанска бригада. Куманово во НОБ даде над осумстотини партизански жртви и двојно повеќе цивили (наведени во спомен зборникот 1941 – 45).

Одлуките на АСНОМ и АВНОЈ ја потврдија државноста на Македонија, а ние како рамноправен народ за прв пат добивме можност да формираме своја сопствена држава во рамки на Титовата федерацијата од која подоцна произлезе независна и суверена Македонија.

4. Македонскиот народ и држава имаат сопствена историја, која е дел од светската историографија, заедно чествуваме и одбележуваме заеднички настани и личности со сите пријатели но само со взаемно почитување и уважување.

– Сите обиди да се изместат фактите се само една реприза од минатото која се повторува на Балканот, како и да е, фактите остануваат и не се менливи.

Влеговме во НАТО, чекориме кон ЕУ, таму е нашето место, само како достоинствени Македонци со своја сопствена генеза“, реагира Димитриевски, кој неодамна го врати орденот добиен од бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

https://www.facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial/posts/2098308393632923