Лидерот на Движењето „ЗНАМ“, Максим Димитриевски вели дека останува на ставот дека дека едно општество за сите подразбира еднакви права и обврски за сите.
Но, за жал едно општество за сите се траснформираше во едно општество за поединци, вели тој.
„Оние кои од позиција на власт ги уживаат сите бенефиции од власта, додека обичниот граѓанин е целосно оставен на страна, со намера да се создаде еден феномен, кој јас го дефинирам како приватна држава, во која тие кои се избрани од страна на граѓаните изнаоѓаат различни механизми за доаѓање до средства на нечесен начин и со нив капитализираат дополнително бизнниси, преку кои ги контролираат оние кои нив ги гласаат.
Тоа е приватна држава и тоа се случува во моментот, сега.
Не одлучуваат политичките субјекти, туку одлучуваат политбироата, односно мала група на луѓе во политичките субјекти – рече Димитриевски во гостување на Инфомакс.
Тој вели дека Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија во моментов е најбрзорастечкиот политички субјект во историјата на македонскиот плурализам од осамостојувањето наваму.
Според Димитриевски „ЗНАМ“ ќе биде одлучувачки фактор за идната владина коалиција.
– Очекувам Движењето ЗНАМ да биде кинг-мејкерот на следната владина коалиција, потенцираше Димитриевски.





