Димитриевски му одбрани пенал на Депај, Рајо Валјекано ја шокира Барселона! (ВИДЕО)

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски, беше јунакот на Рајо Валјекано, одбранувајќи го триумфот на домаќинот од 1:0 против Барселона во шпанската Ла Лига со скротениот удар од белата точка на Мемфис Депај.



Димитриевски во 72. минута прво ја одби топката упатена од холандскиот напаѓач, а потоа ја потврди одбраната фрлајќи му се в нозе.

Голот за победа на тимот од Мадрид го постигна Радамел Фалкао во 30. минута.

Одбраната на 27-годишниот чувар на мрежата на Рајо по 3:30 минути од видеото: