„Никој не може да ме враќа во партија од која никогаш немам излезено. Согласно статутот на мојата СДСМ сѐ уште сум член и воедно со нетрпение ја очекувам седницата на ЦО на која ќе разговараме и за мојот статус, но и за погубните политики на дел од раководството кои нѐ доведоа во оваа состојба“, порачува градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски откако вчера ген-секот на СДСМ Љупчо Николовски изјави дека партијата ќе го враќа Димитривски во нејзините редови.








