„До денешен ден и после 8 години за жал нема одговор на прашањето кој е сценаристот, а кој е режисерот на настаните во Диво Насеље во Куманово.



НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ – Вечна им слава на бранителите!“, реагира градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во објава на Фејсбук.

На денешен ден, пред осум години, во вооружена престрелка во кумановската населба „Диво насеље“ загинаа 8 припадници на полициските сили.

Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ кои посмртно беа одликувани со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија од страна на тогашниот претседател Ѓорге Иванов.

Ќе се префрлаат затворениците за тероризам од „Диво насеље“ во затворите во Косово, поради „физичка тортура врз нив во Идризово“

Денеска се навршуваат 8 години од „Диво насеље“. Во мое Куманово, и во целата земја, сите бевме во неизвесност од вооружениот напад во кој животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

„Судските архиви сведочат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“, така што овој крајно вознемирувачки и трагичен настан засекогаш ќе остане во колективната меморија на кумановци како голема траума, а граѓаните од целата држава ќе паметат дека нарачателите не ја остварија својата цел да ја одржат неизвесноста во која режимот ги држеше во заложништво државата и граѓаните. Хероите живеат вечно!

Никогаш да не се повтори!“, објави Спасовски на фејсбук.