Димитриевски: ДУИ е главниот менаџер во државата, а СДСМ придружен елемент на власта

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски со опис за тоа како функционира државата Македонија.



„Државата функционира како приватно акционерско друштво во кое што, всушност, ДУИ е главниот менаџер, а придружниот елемент на власта се моите поранешни сопартијци од редовите на СДСМ. Зборувам за функционерите или политичката елита која што ја води оваа партија. Инаку, што се однесува до членството, тие се прекрасни луѓе, кои, за жал, не може да добијат шанса“, изјави Димитриевски во интервју за Радио Слободна Европа.