Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски е разочаран од однесувањето на премиерот Димитар Ковачевски по несолената шега од неговиот албански колега Еди Рама во Солун.



„- Никој не те почитува доколку не покажеш самопочит но и возвратиш почит кон тие кои те почитуваат.

‘Шегата’ на Рама е неприфатлива, должен е извинување и кон Премиерот, но и кон целата македонска јавност.

– Ковачевски наместо насмевка треба да возврати со реципроцитет и да побара извинување.

Молкот е повеќе од срам!

Дали вака размислувате да градиме Отворен Балкан?“, коментира Димитриевски на Фејсбук.