Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски вели дека поранешниот премиер и екс лидер на СДСМ, Зоран Заев го прошетал сегашниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски неколку пати по странство а потоа го ставил за претседател на партијата.



„Како да биде сменето кога едниот го доведе другиот, го прошета 2-3 пати по странство на конференции, се правеа пародии со него и на крајот го ставија на местото каде што е“, вели Димитриевски, во гостување на „Click21“ на ТВ21 посочи

Димитриевски вели дека очекувал многу од Ковачевски, но партијата сега „пукала“ од сите страни.

„Оваа АД СДСМ првично ги брка оние кои победуваат, а ги чува оние кои никогаш немаат победено“, вели Димитриевски.

„СДСМ кој што се претставува за власт денеска, е политички субјект под контрола на мала група на луѓе кои што ги користат своите јавни добиени функции за да извршат поголема контрола и централизација во партијата, и истата ја претворија, од сериозна политичка партија, во едно мало акционерско друштво во која што секојдневно членството се разочарува и си заминува“, вели Димитриевски.