Тежок ден за министерот за економија Крешник Бектеши кој на денот кога е објавен скандал со вработување на неговата сопруга во државна агенција се соочува со тешки обвиненија дека ја лажел јавноста за цената на струјата.
Поранешната техничка заменичка министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска реагира на најавата дека владата преку РКЕ ќе ја зголемува цената на струјата иако предходно тврдеше дека до крајот на сезоната цената ќе биде иста.
,,Пред неполн месец Крешник Бектеши на дебата со мене лажеше! Во очи ме гледаше и лажеше! Граѓаните да биле спокојни. Со ваква власт никогаш нема да сме спокојни! Ја поскапивте струјата без око да ви трепне, престанете да ја замајувате јавноста!”, пишува Димитриевска – Кочовска објавувајќи видео од дебата во 24Вести со новинарката Анета Додевска.
Видеото на кое Бектеши лаже во линкот






