Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека повеќе од 70% од граѓаните во Македонија примаат плата се под просечната плата од 34.000 денари.



Тврди дека новиот директор на Државниот завод за статистика, со промена на власта, ја променил пресметката на просечната плата.

„Базата ја смени, и стави други компании кои што имаат повисоки плати во однос на овие од претходно”, вели Димитриеска Кочоска во утринска емисија на радио „Лидер”.

„Ајде сега да погледнеме колкумина од администрацијата зема под овие 34.000 денари, како еден од најголемите вработувања?

Исто е и со приватниот сектор.

И ако ги побарате податоците да ви ги дадат еве од Управа јавни приходи, или од Пензискиот фонд бидејќи нели и таму плаќаме, дел од бруто платата оди таму, ќе видите дека повеќе од 70% од луѓето кои што примаат плата се под просечната плата”, заклучи таа.