Димитар Димитров: „Бугарија и Македонија имаат горда историја, нема место за срам“

Ниту Бугарите, ниту нашите сонародници од РС Македонија, немаат причина да се срамат од бугарската историја, вели во интервју за БГНЕС издавачот Димитар Димитров по повод книгата „Бугарија и Македонија. Историја и политика“.



Според Димитров, со дво-томното издание на повеже од 1.000 страници се побивале лагите на македонските историчари.

„На почетокот имаше идеја книгата да биде 400-500 страници, но темите на кои се фокусиравме бараа зголемување на обемот. Само првиот дел е 520 страници. Вториот дел ќе биде помеѓу 500 и 600 страници. Ова е всушност одговорот на бугарската наука на шпекулаците кои се прават со нашата заедничка историја“, вели Димитров, кој е директор на издавачката куќа „Тангра Танакра“.

Тој вели дека бил испровоциран да објави книга за „скопскиот спор и ароганцијата на кусогледите македонски политичари и нивните нарачани историчари“, вели Димитров.

„Нашата цел беше да ги прикажеме документите од Филип и Александар Македонски до денес.

Приложивме и краток научен коментар од бугарските научници од Бугарската академија на науките, Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски, според кој со првиот том „успешно“ го опфаќа периодот „од Филип и Александар Македонски до 1913 година.

Она што нашите научници го покажуваат во оваа книга и во поединечните написи е дека ние сме еден народ. Се надеваме дека ќе ги убедиме оние кои не се убедени во вистинската историја што ја имаме заедно со нашите сонародници кои моментално живеат во РС Македонија.

Некои од нив – вели Димитров – се идентификуваат како Македонци“.