Дилемата на Тони Михајловски во „равенката“ со Оливер, Зоки и 550 кг марихуана

Актерот Тони Михајловски во свој стил ја коментира изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за ТВ 24 дека од септември до денес заплениле 550 килограми марихуана.



„Дилемата ми е дали да додадам 550 кг или да одземам. Значи: Зоки имал 2 тона марихуана, за која Зоки тврди дека лекува од хероин и други тешки дроги. Оливер запленил од луѓето 550 кг. Во меѓувреме, на Зоки му украле 2 тона од марихуаната. Од украдената Оливер нашол 1/4. Колку вкупно марихуана има Оливер, колку му останала на Зоран и на што дроги се двајцата? Резултатот може да се напише во деци-мали“, е „текстуалната задача“ на Михајловски.

https://www.facebook.com/toni.mihajlovski/posts/10159313178797755