ДИК, во текот на утрешниот ден, ќе достави мислење до Кабинетот на Претседателот за временските рокови потребни за спроведување на предвремени парламентарни избори.
Претседателот Стево Пендаровски, денеска се сретна со членовите на Државната изборна комисија, по вчерашната одржана лидерска средба, и ги запозна членовите на ДИК со ставовите на претседателите на политичките партии и консензуално усвоениот став дека е потребно Државната изборна комисија да достави мислење.





