Државната изборна комисија (ДИК) во пресрет на предвремените парламентарни избори објави музички спот со кој ги кани граѓаните да гласаат.
„Ова е мој дом, ова е моја земја, ова е патот по кој чекорам, ова е моја иднина, јас имам право на глас“, се вели во кусата предизборна нумера испеана на неколку јазици.





