По 18 часови молк Државната изборна комисија објави дека денеска во 18 часот ќе одржи јавна седница на која ќе решава по поднесените приговори за изборни нерегуларности.
На дневен ред се 2.141 приговор на партиите за сумирањето и утврдувањето на резултатите од гласањето на изборите.
1.982 приговори поднесе Левица, Алијансата за Албанците и Алтернатива поднесоа 151 приговор, 2 приговора поднесе ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ не поднесе приговори.
Со оглед на рокот од 72 часа за расчистување на приговорите ДИК ќе треба да потроши по околу 1,3 минути за секој од поднесените приговори што значи дека или нема да стигне во рокот или пак да не ги разгледа соодветно сите пристигнати приговори.





