ДИК пронајде 1.416 гласови и направи исправка на резултатите!

Државната изборна комисија објави Заклучок за исправка на технички грешки, според кој на изборите во средата гласале 943.750 избирачи или 1.416 повеќе од објавените 942.334 во четвртокот.



Корекција е направена и кај бројот на неважечки ливчиња, кој сега е 31.564, наместо 31.466, колку што беа наведени во завчерашниот заклучок.

Во првичниот Заклучок на ДИК недостигаа 2.013 гласови, односно толкаво беше несовпаѓањето меѓу збирот на бројот на избирачите што го оствариле правото на глас и бројот на неупотребените гласачки ливчиња со вкупниот број запишани во избирачкиот список.

На тоа вчера реагираше досегашниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски: