ДИК по преброени 65% гласови: Арсовска со над 2.000 гласови пред Шилегов

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека при преброени 65% од гласовите, а според нив Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, е во благо водство со нешто над 2.000 гласови пред кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, .



Арсовска засега има 54.928 гласови, а Шилегов 52.730 гласови, или 2.198 разлика.

Зад него е кандидатот на Левица, Перо Георгиевски-Камиказа, со 12.349 гласови.

Четврт е Арбен Шаќири од ЛДП/ДОМ со 6.379 гласови.