ДИК ќе се избира со 61, а не со 81 претеник!

Собранието денеска ја утврди потребата за донесување измени на Изборниот законик по скратена постапка.



На пленерна седница, пратениците денеска ги прифатија предлозите на владата за измени на Изборниот законик со кој изборот на членови на Државната изборна комисија ќе се врши со 61 глас, а не како досега со 81.

Законот кој по скратена постапка и со „европско знаменце“ влезе во собраниска процедура беше изгласан со 62 гласови „за“.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа и рекоа дека Владата со ваквиот потег предизвикаа вистински скандал затоа што досега никогаш не се правеле измени на Изборен законик без консултација со опозицијата.