Откако Управниот суд ги одби сите тужби на политичките партии поднесени против одбиените приговори на Државната изборна комисија, се очекува денеска ДИК да ја закаже седницата за да ги објави конечните и официјални резултати од предвремените избори, дознава ТВ21.
Со ова се затвора изборниот процес и течат процесите за конституирање на новото Собрание чиј последен рок е 4 август.
Управните судии вчера ги разгледаа и одбија последните 4 тужби, од вкупно 185 што ги поднесоа Алијанса за Албанците, кои за понеделник најавија протести, потоа 101 на Левица, како и на Интегра и МОРО Работничка партија.




