ДИК: И дијаспората ќе гласа на референдум, но која и каде!?

И дијаспората ќе може да гласа на референдумот, но членовите на Државната изборна комисија не се согласуваат дали тоа треба да се реализира во амбасадите или иселениците ќе гласаат во Македонија.



Според, Јанаќе Витановски, член на ДИК на референдумот на 30 септември ќе може да гласа и дијаспората во дипломатско конзуларните претставништва (ДКП), како што е наведено во предложениот Правилник за организирање и спроведување на референдумот.

Но, потпретседателката, Дитмире Шеху, се спротивстави гласањето да се организира во ДКП поради големите трошоци. Таа ја повика дијаспората да дојде во Македонија и тука да го реализира своето избирачко право.

Секоја сличност на ставот на Шеху со изјавата на Али Ахмети за организирано доаѓање на албанската дијаспора за време на референдуомт е само – случајна.

Најголемиот дел од албанската дијаспора е во Европа додека македонските иселеници се најмногубројни во Австралија, Канада и САД.