ДИК ги потврди новите пратеници

Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, Рина Ајдари за ИЕ6 од ДУИ, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, и двајцата во ИЕ2 од Коалицијата „Можеме“ се новите пратеници, потврди на денешната седница Државната изборна комисија.



Собранието на денешната седница ги констатира оставките на пратениците Игор Дурловски од Изборна единица 5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, на Бајрам Реџепи од ИЕ 6 од ДУИ, Мухамед Зекири од Коалицијата „Можеме“ и Сања Лукаревска од ИЕ2 од Коалицијата „Можеме“.

Инфомакс