Најмалку 5.000 гласа од албанската дијаспора се очекуваат да му помогнат на кандидатот за градоначалник на ДУИ Фатмир Дехари во борбата против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, во Кичево кој во првиот изборен круг победи со 250 гласа предност, дознава Слободен печат од извори во ДУИ.
Со 40 авиони и 100-тина автобуси иселеници доаѓаат да гласаат дури и од САД за избор на Дехари кој се бори за трет мандат.
„Дијаспората веќе е организирана и со авиони и автобуси од цела Европа ќе дојдат во Кичево за да му дадат поддршка на Дехари. Има најава дека и наши иселеници од САД ќе дојдат за гласањето. Дијаспората самоиницијативно се организира, не ја организира ДУИ. Очекуваме масовно да дојдат, бидејќи в понеделник е католичкиот празник Денот на сите светци, така што е неработен ден, па ќе можат да се вратат, велат од ДУИ..
Поддршка за Дехари најави и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во пакет со поддршката за Чаир, Струга и за Гостивар..







