Дијаспората бара уште 48 часа за пријавување во избирачки список поради вирусот

Активистка на македонската заедница во САД Ана Дуковска јавно побара поради ситуацијата со Корона вирусот во светот дијаспората да добие уште 48 часа за пријавување на гласачките листи во изборната единица 7 односно надвор од Македонија.



“Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со COVID19 и затворањето на границите, сметам дека е фер да се продолжи процесот за регистрирање на иселениците за 48 ч. со што ќе им се даде шанса на сите кои планираа да го остварат своето право на глас во Македонија”, пишува Дуковска.

Државната изборна комисија може поради вонредни причини да преземе мерки во овој правец.

Единствена партија која во изборната единица 7 може да добие пратеник е ВМРО-ДПМНЕ поради што тешко е да се очекува дека СДСМ и другите партии ќе се согласат за продолжување на рокот.