Македонските иселеници бараат повторно регистрирање од Државната изборна комисија за да можат да гласаат на парламентарните избори во татковината, кога и да се одржат.
„Зошто матичната држава на нас Македонците во дијаспората сака да ни го поништи правото на глас, кое ни е загарантирано со Уставот?
Зошто откако СДС на чело со З.З. дојде на власт, сака да ја избрише македонската дијаспора од избирачкиот список?
Дали ние од дијаспората не сме граѓани на Република Македонија, кои се привремено на печалба?
Дали ние од дијаспората со ништо не помагаме на нашата татковина? Ако тоа сака да го знае сегашната влада, нека провери годишно колку милиони евра се слеваат во нашата татковина од дијаспората.
Правото на глас, кое ми е загарантирано со Уставот на Р. Македонија, не може никој да ми го поништи, сите проевропски држави ги немаат избришано своите во дијаспората.
Зошто сегашната влада, која се стреми кон ЕУ, сака да ни го поништи правото на глас, нели е тоа противевропски??
Јас, како Македонец/ка од дијаспората, барам од г-дин Hristijan Mickoski на лидерската средба да не го дозволи ова срамно бришење на македонската дијаспора. Исто така упатувам барање и до @Државната изборна комисија, Oliver Derkoski да ни овозможи повторна регистрација за гласање на нас од дијаспората“, се вели во писмото што циркулира меѓу Македонците на социјалните мрежи, со кое бараат од лидерот на македонската опозиција да го наметне како барање на следната средба кај претседателот Стево Пендаровски.




