

Преговарачите на Белград и Приштина во вторник ќе заминат во Брисел, на покана на претставникот на Европската Унија за дијалогот Мирослав Лајчак, за да ги направат првите чекори кон реализација на договорот од Охрид, според информациите на европскиот дописник на Н1.
Портпаролот на Европската комисија Петер Стано изјави претходно денес дека институциите на ЕУ во следните денови, со поддршка од лидерите на Унијата. Ќе ги направат првите чекори кон спроведување на Охридскиот договор заедно со Приштина и Белград.
Портпаролот на високиот претставник на ЕУ Жосеп Борел кажа дека Белград и Приштина се договорно обврзани да го спроведат Охридскиот договор и анексот и даде до знаење дека ако не го направат тоа, тогаш го напуштаат патот кон ЕУ.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денес, по средбата со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, дека Србија тежнее кон членство во ЕУ, дека ќе ги продолжи реформите и ќе работи на унапредување на човековите права, како и дека ќе „имплементира сè што е договорено“.




