Дијалог со Бугарија и реформи, па преговори за членство во ЕУ, велат амбасадори

Евроамбасадорот во ЕУ Дејвид Гир и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер на денешната прес-конференција во седиштето на ЕУ во Скопје порачаа дека дијалогот со Бугарија и испорака на реформи се главен услов Северна Македонија да ги почне претпристапните преговори за членство во Унијата, пренесе Нова ТВ.



Амбасадорите категорично ги отфрлија споредбите меѓу руско-украинските односи и бугарско-македонските кои се често присутни на социјалните мрежи.

Според нив, за разлика од агресорскиот пристап на Москва и нарушениот територијален интегритет  на Украина, Бугарија била меѓу првите земји што ја призна Македонија и ја поддржа во НАТО, а исто така и помогна за евакуација на дваесетина македонски државјани од Украина.