„Експертот Јетон Халими во интервју за Еуроњуз Албанија зборуваше и за односите, кои сака косовскиот премиер Албин Курти да ги воспостави со Албанците во регионот. Ставовите на Халими, кој е извршен директор на Институтот за европски и глобални студии од Приштина, Косово, се пренесени во статија под наслов ‘Не се дозволува дестабилизација – Македонија ќе го уапси Курти, ако уште еднаш дојде таму’ на порталот на Еуроњуз Албанија и во косовскиот весник ‘Бота сот’. Но, нема ниту Белград сила да го уапси Албин Курти, а камоли Македонија, која е пред распаѓање.“ – истакнува Аслан Дибрани, политички активист за албанската национална кауза и новинар-публицист од Косово, во својата колумна со наслов „Нема ни Белград сила да го уапси Албин Курти, туку тој ја остави Македонија на прагот на распаѓањето“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Покрај другото, натаму Дибрани пишува: Решив да му одреагирам на овој политички матрапаз Јетон Халими. Албанската мафија во политиката се плаши од демократијата и вистинската правда. Овде политичките сили се плашат од Албин Курти, кој промовира демократија и казнување на организираниот криминал на секое албанско политичко рамниште, како што се мафијашките банди во Косово, Албанија, Македонија, Црна Гора и Прешевската долина.
Халими нагласува дека Али Ахмети им донесе добри работи на Албанците во Македонија. Но, какви добрини имаат Албанците таму? Македонците си го направија само својот македонски јазик како официјален. Бев во Македонија пред една недела и видов колку добрини имаат Албанците таму. Ги видов натписите на македонски јазик и на кирилица, но не и на албански јазик. Видов македонски знамиња насекаде, но не и албански знамиња.
Јетон Халими со својот испран мозок зема храброст и задача од Македонците, за да каже: „Ако Курти дојде уште еднаш во Македонија и ако земе учество на изборите, ќе биде уапсен од органите, кои ги спроведуваат законите“.
Халими му вели на Курти да не оди во Македонија, за да не ги расипува односите на Албанците со Македонците. Овие продадени газови не сакаат да видат Албанец, кому суштината на политиката му е „Националното обединување на Албанците“. Нивната желба е да продолжат да бидат командувани од Славомакедонците – идеологија, која се пренесува низ вековите, промовирајќи поделби меѓу Албанците.
Нема ниту Белград сила да го уапси Албин Курти, туку тој ја остави Македонија пред распаѓање. Курти им придаде меѓународни димензии на албанските национални принципи и кога ќе се случи националното обединување на Албанците ќе понесете одговорност, сите вие што паднавте пред нозете на непријателите.





