Вардар беше во тотално загубена ситуација по 23:17 за Загреб во 49. минута, но не само што израмни за конечни 26:26 и изнуди седмерци, туку и избори ново финале во СЕХА, за што заслуги има и Тимур Дибиров со неговите шест гола.



„Загреб беше подобар 50 минути, но нашето искуство и нивниот пад на концентрацијата пресудија. Некогаш морате да дадете дури и повеќе од тоа што имате, морате да го пронајдете тоа во себе. Би сакал исто така да му честитам на нашиот голман Ристовски за извонредниот настап. Неверојатен натпревар, кој сигурно долго ќе се памети“, изјави левото крило на бранителот на трофејот.

„Не го отворивме натпреварот како што умееме. Дисингер нè одржуваше во игра во тој период и некако успевавме да бидеме израмнети. Тие беа подобри 50 минути, ние не изгледавме добро во нападот, но одбраната функционираше како што треба. Успеавме да го свртиме резултатот во своја полза во последните 10 минути, покажувајќи дека овој тим е полн со родени победници, дека го имаме тој борбен дух. Честитки за Загреб, знам како е да се загуби ваков меч, но тоа е ракометот“, прокоментира тренерот Стевче Алушовски.