Со шесте гола во триумфот над европскиот вицепрвак Олборг, вардаровото лево крило Тимур Дибиров се искачи на третото место на вечната листа на стрелците во ракометната Лига на шампионите со вкупно 971 погодок, престигнувајќи го за два гола Србинот Момир Илиќ.
На врвот неприкосновен е најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров со 1.462 гола, пред Никола Карабатиќ од Франција далеку зад него со 1.091, а петти е Микел Хансен од Данска со 934.





