Поради зголемените цени на енергијата и храната, речиси половина од Германците се приморани да ги намалат финасиските расходи.



Репрезентативното истражување Civey за телевизиската станица WELT, покажува дека 49 отсто од Германците изјавиле дека морале да штедат поради поскапувањата. Наспроти нив, 42 отсто од анкетираните изјавиле дека не се погодени од повисоките цени, објави германски „Ди велт“.

Подготвеноста да поднесат лични финансиски последици поради санкциите против Русија не е многу силна: Само 44% од Германците се подготвени лично да трпат поради санкциите, на пример поради повисоки трошоци за енергија.

Но, 46 проценти не сакаат лично да ги сносат дополнителните трошоци што се последица на санкциите против Русија.

Меѓу анкетираните 64% ја поддржуваат идејата компаниите кои профитираат од ефектите од војната во Украина, да плаќаат повисоки даноци, додека само 27 отсто се против.