Нема да се легализира марихуана за рекреативни цели и дезинформација е веста на ТВ21 дека тоа ќе било за привлекување туристи во Охрид и во Струга.
„Станува збор за дезинформација. Не постојат тековни владини анализи за легализирање на марихуаната за рекреативни цели.
Владата останува на почитување на постоечката регулатива со која во земјата е дозволено производство на канабис исклучиво во медицински цели“, изјави портпаролот на владата, Миле Бошњаковски за „Независен весник“.





