Покрај повеќе други теми и вклучувања гости за актуелните состојби вечерва во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ во живо ќе ги чуеме и девојките кои деновиве го „запалија“ балканскиот интернет со изведбата на песната „Мире сокол пие вода на Врадарот“.
За само неколку дена оваа изведба преку интернет апликација беше видена од стотици илјади луѓе во регионот.
Зошто ја одбрале токму оваа македонска песна вечерва по 22.30 во живо од Мостар и Сански Мост ќе се вклучат музичките уметници Медина Турковиќ и Селма Дроце. Третиот член на овој неформален состав кој ја испеа старата македонска песна на фанстастичен начин е Шејла Гргиќ член на познатиот босански бенд „Диванхана“.
https://www.facebook.com/medina.turkovic/videos/10219335617754621/






