Германската полиција покрена истрага откако неколку жени пријавиле дека се чувствувале лошо по забава организирана од парламентарната група на партијата на канцеларот Олаф Шолц.
Берлинската полиција соопшти дека истрагата ја покренала 21-годишна жена, која чувствувала вртоглавица и се чувствувала лошо неколку часа по летната забава на социјалдемократите во средата, а потоа не можела да се сети на вечерта следниот ден. Таа отишла во болница на контроли, а полицијата и наредила тест на крвта за анализа на можни отровни материи, јави Гласот на Америка.
Германски медиуми споменуваат дека најмалку осум девојки наводно биле дрогирани со „дрога за силување“ на приватната.
Според германски медиуми, информацијата ја добиле од некои претставници на германските социјалдемократи.
Олаф Шолц се уште не ја коментирал оваа вест.
Портпаролот на партиската пратеничка група во парламентот го потврди пишувањето на берлинскиот весник Тагесшпигел и додаде дека досега се потврдени девет жртви.
Ги советувам сите засегнати да поднесат тужба“, напиша на Твитер една од лидерите на СПД, Катја Маст.






