Малолетно лице е жртва на големиот пожар што синоќа се случи во скопската населба Илинден кога од струен удар се запалил вагон0цистерна. вагон-цистерна.



Командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томевски соопшти дека пожарот бил изгаснаст многу брзо, но дека несреќата била фатална за едно лице.

Малолетно девојче изгоре од струен удар“, изјави Томевски за Фокус.

„Имавме пријава за опожарен вагон цистерна. Интервениравме со две возила и седум пожарникари и пожарот е веќе изгаснат. Затекнато е опожарено тело на вагонот цистерна.

Девојчето, како што се дознава, било горе на вагонот и се запалило од силен струен удар од електричните жици над вагоните кои биле полни со нафтени деривати.

Случајот во МВР го пријавил дежурниот во Македонски железници.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, за ТВ 24 даде изјава во врска со вечерашнава трагедија во која животот го загуби едно дете.

„Вечерва во Илинден се случи страшна трагедија каде едно малолетно лице го загуби животот. Според информациите што ги добив од МВР и ПП бригада, до трагедијата дошло откако група малолетници самоиницијативно, најверојатно од забава и несвесно се качувале на паркиран вагон во близина на ЖСТ Илинден и при тоа дошло до струен удар од високиот напон каде на лице место животот го загуби малолетно девојче. ..

Во овој момент можам само да изразам жалење за целиот настан и воедно да изразам длабоко сочуство до семејството на настраданото дете“ – рече градоначалникот.