Деветмина ќе добијат по 2.000 евра казна за непочитување полициски час

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно девет лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.



Обвинетите, во периодот од 10-14 март не го почитувале полицискиот час, па за време на забраната определена со прописите за спречување на ширењето на заразна болест се движеле на различни локации во градот.

Надлежните јавни обвинители, стои во соопштението, за сите обвинети предложија парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​​