Во изминатото деноноќие од последици од Ковид-19 починале девет лица: Тројца пациенти од Прилеп, по двајца пациенти од Скопје и Тетово и по еден пациент од Куманово и Охрид соопшти Министерството за здравство.
Починатите лица биле на возраст од 54 до 87 години.
Од МЗ соопштуваат дека во изминатото деноноќие е регистриран 51 нов случај на коронавирус од 755 направени тестови.
Од почетокот на епидемијата бројот на заразени со коронавирус изнесува 97.101, бројката на оздравени пациенти е 87.960, на починати е 2.998, а бројот на активни случаи изнесува 6.143, соопшти Министерството за здравство.





