Министерството за здравство информира дека регистрирани се 193 нови случаи на корона во последните 24 часа, а изврешни биле 1.391 тест.
Најмногу од заразените, дури 14, и овој пат се од Скопје. Следуваат Тетово – 19, Охрид 1, Штип – 6, Струга-5, Гостивар-4, Куманово-2, Велес-2, Ресен-2, Свети Николе-1 и еден во Дебар.
Починале 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден од Тетово и еден пациент од Охрид.
Вкупната бројка на дијагностицирани со корона од почетокот на епидемијата изнесува 4.482, оздравени 1.803, починале 210 лица, а активни случаи во моментов се 2.469.





